Екипата на Бенфика, во која настапува Филип Талески, беше поразена на гостувањето во Шпанија кај Бидасоа Ирун со еден гол разлика, 28:27, во натпревар од првото коло од главната фаза во ЛЕ.
Во изедначен натпревар, во кој само нијанси одлучуваа каков ќе биде исходот, повеќе среќа имаа домаќините. Иако Бенфика можеше да си замине со бод, сепак, во последниот напад не успеа да реализира.
На германското дерби, меѓу Мелсунген и Кил, немаше победник, двете екипи си ги поделија бодовите, откако одиграа нерешено, 26:26. И домаќините и гостите си имаа свои моменти, па така ремито можеби е најреален исход.
Српскиот шампион Војводина очекувано загуби од Порто со 29:20, а избраниците на Ројевиќ уште на полувреме имаа негатива од 14:9, па јасно беше дека домаќините ќе ги освојат бодовите.
Лига на Европа, главна фаза, 1. коло, резултати:
ГРАНОЉЕРС – ГОГ ГУДМЕ 36-36
ГУМЕРСБАХ – ФЛЕНСБУРГ 31-36
МОНПЕЛЈЕ – КРИЕНС ЛУЦЕРН 31-27
ИШТАД – ЛИМОЖ 32-36
БИДАСОА ИРУН – БЕНФИКА 28-27
МЕЛСУНГЕН – КИЛ 26-26
ПОРТО – ВОЈВОДИНА 28-20
ТУЛУЗ – ТАТАБАЊА 35-28
Пајовиќ и Фленсбург победнички ја започнаа главната фаза во ЛЕ