Атракција за крај – Саздовска и Ѓорѓиевска со цепелин за печат на триумфот (ВИДЕО)

Женската сениорска репрезентација на Македонија на гостувањето во Литванија славеше со 31:28 во рамки од второто коло во квалификациите за ЕП 2024.

Македонија со денешната победа над балтичката земја практично обезбеди настап на континенталниот собир.

Последниот гол на денешниот одигран натпревар во Виљнус го постигна нашата репрезентација на атрактивен начин.

Во претходно договорената акција, Саздовска и асистираше на искусната Ѓорѓиевска, која реализираше цепелин во голот на домаќинките.

Македонија победнички во Литванија, со една нога е на ЕП!