Атанасовски погоди 23 пати, но Партизан славеше во Велес

Тимот на Партизан од Гевгелија во натпревар од 9. коло во прволигашкиот плеј-аут славеше убедлива победа над Борец со 46:33.

Домаќинот беше рамноправен само на стартот, потоа гостите влегоа во трета брзина, за краток период стигнаа до висока позитива и на пауза имаа предност од 26:18.

Во вториот дел, исто како и во првиот, двете екипи играа речиси без одбрана, па така на денешниот одигран натпревар паднаа вкупно 79 погодоци.

Предводници во победничката екипа беа Димитар Атанасов со 13 и Горан Лисичков со 11 погодоци, а осум додаде Васил Зајков.

Кај Борец незадржлив беше Јован Атанасовски, кој постигна дури 23 погодоци, но останатите негови колеги одиграа на лошо ниво.