Селекцијата на Ангола по 15 пат го освои златниот медал на Африканското првенство, откако во финалето славеше против Сенегал со 37-28.
Анголките немаа вистинска конкуренција и запишаа осум убедливи победи, од кои седумте пред финалниот меч беа со двоцифрена разлика!
Ова беше петти златен медал по ред за Ангола, по бронзата во 2014 година и имаат низа од 33 победи по ред на африканските шампионати.
Освен златниот медал, Анголките добија и чек од 25.000 евра од Африканската ракометна федерација.
Најдобар стрелец на финалниот меч беше капитенот на Ангола, Албертина Касома со шест гола, колешката на Сара Ристовска.
Ангола со златниот медал обезбеди место на СП 2025, заедно со Сенегал, Тунис и Египет.