По завршувањето на соработката со српскиот Врање, Даниел Андоновски е на чекор до камбек во Македонија и трансфер во кавадаречки Тиквеш, дознава 24Ракомет.
Иако за услугите на Андоновски има интерес и од други македонски суперлигаши, као и од странство од Исланд, Грција, Италија… сепак тој се наоѓа пред потпис со тимот од Кавадарци.
Младиот охриѓанец имаше одлични партии минатата сезона во италијанскиот Трст, неколку пати беше дел од идеалниот тим на колото во тамошниот шампионат. Средниот бек, кој одлично се снаоѓа и на другите бековски позиции, постигна 92 гола на 16 одиграни натпревари во најквалитетното натпреварување во Италија.
Тој потекнува од Охрид, а освен во матичниот клуб, во Македонија настапуваше и за Вардар Јуниор и Прилеп.
Кавадарчани имаат проблеми со повредите на средните бекови Страхиња Симиќ и Славчо Шулески, па нов играч на бековската позиција добро ќе му дојде на стратегот Кристијан Грчевски.