Гледајќи го конечниот резултат звучи неверојатно но Македонија во првите 20 минути и не изгледаше толку лошо. Македонија издржа ритам до 20 минута. Играме 6:0 формација која не е агресивна, игра по линија наместо да го брани просторот од 6 до 9 метри, да го освојува просторот, да се прават чести прекини и да не им се дозволи брз пренос на топка. Сметам дека тука потфрливме и ја имавме најлошата одбрана, а ја имавме расположената голманка Јована Мицевска на која ако игравме агресивно од 9-12 метри мислам дека ќе и беа многу полесни за бранење овие шутеви од надворешнаата линија со однапред договорен блок.
Со новиот систем на натпреварување Македонја доби право на учество на ЕП, за разлика од порано. Сега е друга слика на ЕП, за некои од девојките е новина а за некои последен репрезентативен натпревар. На првиот меч против Шведска загубивме 18-28. Гледајќи го конечниот резултат звучи неверојатно но Македонија во првите 20 минути и не изгледаше толку лошо. Македонија издржа ритам до 20. минута при резултат 9:7, потоа следи комплетен пад во играта, особено во напад каде што следните 20 минути од натпреварот не постигнавме ниту еден гол.
Шведската формација 6:0 во одбрана каде играа агресивно од 6 до 9 метри, со нивните страшни физички перформанси и чести прекини не дозволија Македонија да постигне гол. Со изнуда на технички грешки кои нашите репрезентативки ги имаа во поголем број, ја олеснија добрата транзиција на репрезентацијата на Шведска која не казнуваше од минута во минута. Пивотите и крилата ни беа апсолутно затворени и самиот податок дека Сара Ристовска го постигнува првиот погодок во 40. минута говори за тоа. Единствена светла точка во овој момент е голманката Јована Мицевска, која спречи катастрофа на нашиот тим.
Напад на Шведска: Едноставно, однапред дефинирано, дисциплинирано, со брз проток на топка и со брза завршница (која не ги посака на почетокот, сите оние задачи кои им биле зададено трпеливо во напад, репрезентацијата на Шведска ги одработи и резултатот оди во нивна полза).
Македонија: Играме 6:0 формација која не е агресивна, игра по линија наместо да го брани просторот од 6 до 9 метри, да го освојува просторот, да се прават чести прекини и да не им се дозволи брз пренос на топка. Сметам дека тука потфрливме и ја имавме најлошата одбрана, а ја имавме расположената голманка Јована Мицевска на која ако игравме агресивно од 9-12 метри мислам дека ќе и беа многу полесни за бранење овие шутеви од надворешнаата линија со однапред договорен блок. Последните 15 минути, една тактичка промена во одбраната 5-1, која се одработи многу подобро, агресивно со превземање, имаше длабочина и се изнудија неколку технички грешки кај противникот со што ги искористивме за да направиме резултат 7-2.
Напад Македонија: почетокот на натпреварот, верувам во договор, да се игра споро (долг напад), да се умртви нивната транзиција и тоа на почетокот помина до 10 минута. Во овој период, Шведска има многу промашени шутеви, зицери како и 2-3 технички грешки. Потоа следи период, лош, недициплиниран со премногу технички грешки, кои ваков противник може многу лесно да ги казни, па тоа и се случи. Последните 15 минути, една мала промена и слободно можам да издвојам како позитивен пример, на игра со залагање, почит кон соиграчот, кон тимот и сметам дека се што им било кажано било одработено. При намалена концентрација на Шведска доаѓа до истакнување на дел од овој наш млад ростер и би ги издвоил Кипријановска, Младеновска, Јанкуловска и Мицевска без разлика на промената на ростерот на репрезентацијата на Шведска.
Генерално женскиот ракомет е во блага стагнација, се појавуваат нови играчи (смена на играчи), Словенија со 6-7 дебитанти, Хрватска со подмладен ростер, Србија комплетно млада со неколку искусни на кои ке биде товарот, Црна Гора генерално фокусирана на повозрасни и играчи од Будуќност и стандардните Шведска, Франција, Норвешка, Унгарија и Данска.
Сите овие имаат однапред спроведени промени кои се видиливи, за разлика од минатите години каде играа во неколку годишен циклус (европски, светски, олимпијади) со однапред направена добра анализа каде, што и понатаму да се подобрат, доброто да го задржат и да го негуваат, а лошото да го отфрлат.
За разлика од нив ние немаме со што да се пофалиме како стратегија, и ја немаме, а и не сме ја имале, можеме да се пофалиме како епизода каде се појавуваат клубови како од типот Кометал, Металург, Вардар како и сега Ѓорче Петров. Се раѓаат таленти, талентирани ракометарки, но без работа и услови кои треба да им се понудат, згаснуваат или одат надвор од државата.
Акцент на стручниот штаб е за Турција, растеретено, нема што да се изгуби за овие млади ракометарки,ама од друга страна мора да се победи.
СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!