Алборг го освои првиот трофеј во новата година

Тимот на Алборг го освои првиот трофеј годинава, откако во финалето од домашниот Куп славеше над Бјерингбро Силкеборг со 34:29.

Томас Арнолдсен со седум и Џек Турин со пет погодоци беа предводници во тимот на Алборг, кој трофејот го обезбеди уште кога замина на пауза со предност од 18:11.

Никлас Ландин повторно имаше свое шоу меѓу стативите, по она против Барселона во Лигата на шампионите, и натпреварот го заврши со 14 интервенции.

Алборг нема да има многу време за славје, бидејќи на 19 февруари ќе гостува во Германија кај поранешниот европски првак Магдебург.

Како што е познато, составот на Симон Дал се бори за директен пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.