Словенечкиот интернационалец во редовите на ГРК Охрид, Гал Цирар, одлучи својот престој во македонската Суперлига да го продолжи на уште две сезони, со оглед на тоа дека потпиша договор со охридскиот клуб до јуни 2026 година.
Крилото пред да дојде во Македонија немало никакви познавања за квалитетот на македонската лига, а сега има високо мислење за неа.
„Искрено не! Знаев за Вардар, Металург и Пелистер и нивните европски успеси, но што се однесува до македонската лига, никогаш не сум ја следел и немав никакви информации и познавања за неа. Ако направам споредба меѓу Словенија и Македонија можам да кажам дека и во двете земји ракометот живее. Салите во Словенија се помали од 500 до илјада места, но секогаш се полни. Во Македонија салите се поголеми две-три илјади седишта, но кога не играме дерби нема толку публика. Од друга страна квалитетот на македонската лига се крева во последните десет година, додека словенечката паѓа… Мислам дека се тука некаде – изедначени, но ако играат шампионот на Македонија и словенечкиот првак, би рекол дека македонскиот ќе победи.“
Во продолжение прочитајте го викенд-интервјуто со Гал Цирар.
ИНТЕРВЈУ ГАЛ ЦИРАР: Не бројам голови, играм за Охрид да победи!