Селекторот на Словенија, Драган Аџиќ, го објави скратениот состав пред стартот на Олимписките игри во Париз.
Аџиќ ќе смета на 17 ракометарки, од кои 14 се дел од составот и три ќе патуваат како резерви – Ема Хрватин, Нена Чернигој и Дијана Ѓајиќ.
Претходно од поширокиот список на ракометарки што беа на подготовките отпаднаа Ема Марија Марковиќ, Ерин Новак и Манца Јуриќ.
Од 14 ракометарки на скратениот список – осум се членки на Крим (Мавсар, Aбина, Лазовиќ, Клеменчиќ, Шпрејцер, Варагиќ, Војновиќ и Станко).
Словенките веќе одиграа еден пријателски натпревар и загубија од Унгарија со 31-21, а ги очекуваат уште еден со истиот ривал и со Бразил.
Избраничките на Драган Аџиќ ќе бидат во група со Кореја, Шведска, Данска, Норвешка и Германија.