ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Ѓорче Петров на нов испит во Регионалната лига, шест меча низ Македонија

Ракометарките на Ѓорче Петров денеска го играат третиот натпревар од новата сезона во Регионалната лига.

„Лавиците“ гостуваат во Цетиње кај екипата на Старс Лавици, која е предводена од македонскиот селектор Игор Марковиќ.

Ѓорче Петров досега запиша пораз кај Наиса Ниш, но и победа дома со Јагодина, па сега ќе го брка вториот триумф што ќе ги доближи до чевртфиналето.

Натпреварот се игра во Цетиње, а ќе стартува од 17:00 часот.

На домашна сцена ќе има шест натпревари – еден од Супер женската лига, еден од Првата женска лига, но и четири од Првата машка лига.

Во Гостивар ќе има двојна програма, додека довчерашниот суперлигаш Пролет ќе го пречека Шампион, а во Ресен гостува штипски Текстилец. Во Македонска Каменица ќе биде испишана историја со првиот меч, каде Сокол Саса ќе го пречека Партизан Гевгелија.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:00 Јехона – Струга
16:00 Пелистер – Ѓорче Петров 2
17:00 Старс Лавици – Ѓорче Петров
18:00 Сокол Саса – Партизан Гевгелија
18:30 Јехона – Овче Поле
19:00 Пролет – Шампион
19:00 Преспа – Текстилец