Ракометарките на Вардар со победа ја стартуваа новата сезона во Супер женската лига, откако на домашен терен славеа против новиот суперлигаш Ѓорче Петров 2 со убедливи 33-25.
Избраничките на Даниела Новеска Вељаноска победата ја обезбедија уште по првото полувреме кога беше 18-11 и во вториот дел имаа само лесна задача да ја одржат предноста.
Младите „лавици“ во неколку наврати намалија на минус шест гола, но немаа сили за камбек во мечот и да ја загрозат високата домашна позитива.
Најдобри стрелци кај Вардар беа Леона Миленкоска со осум и Елена Балоска со седум погодоци, додека во тимот на Ѓорче Петров 2 се истакна Ева Ѓорѓиевска со седум гола.
























