Македонските арбитри Даниело Божиновски и Виктор Начевски ја делат правдата на Светското првенство за кадетки во Романија.
Тие во текот на вчерашниот ден го судеа двобојот меѓу Чешка и Мексико од првото коло, а денеска добија и втора задача.
Македонците ќе го судат натпреварот меѓу Франција и Египет, кој многу веројатно ќе го одлучи првото место во групата.
Франција и Египет славеа против Фиџи и Хрватска во првата рунда, а селекцијата што ќе ја запише втората победа, ќе го обезбеди местото во главната рунда.
Овој дуел се игра во салата „Поливалента“ во Крајова.























