Антиракомет на СП: Фиџи даде само ДВА гола од 29 шута, направи дури 47 технички грешки…

Со натпреварите од првото коло стартуваше Светското првенство за кадетки кое се одржува во Романија, а првиот ден донесе неколку изненадувања и убедливи победи на фаворитите.

Најголемата сензација ја приреди репрезентацијата на Египет, која ја совлада Хрватска со 27:24, додека Франција беше немилосрдна против дебитантот Фиџи и славеше со убедливи 55:2.

Фиџи имаше по еден гол во двете полувремиња, ракометарките направија дури 47 технички грешки, а голманките запишаа вкупно шест интервенции. На голот на Франција шутнаа 29 пати, а во ростерот беа само 12 ракометарки.

Данска дојде до минимална победа над Јужна Кореја со 33:32, а Црна Гора во драматичен натпревар ја совлада Холандија со 27:26.

Германија немаше никакви проблеми против Узбекистан и победи со 44:13, додека Кина убедливо беше подобра од Казахстан со 43:17.

Шпанија ја совлада Гвинеја со 27:12, Португалија ја победи Аргентина со 34:18, Унгарија беше подобра од Тунис со 40:29, а Шведска ја декласира Канада со 36:14.

СП кадетки, 1 коло, резултати:

Група А
Хрватска – Египет 24:27
Франција – Фиџи 55:2

Група Б
Данска – Јужна Кореја 33:32
Чешка – Мексико 42:16

Група Ц
Шпанија – Гвинеја 27:12
Германија – Узбекистан 44:13

Група Д
Црна Гора – Холандија 27:26
Португалија – Аргентина 34:18

Група Е
Унгарија – Тунис 40:29
Шведска – Канада 36:14

Група Ф
Кина – Казахстан 43:17
Романија – Уругвај 30:16

Група Г
Словачка – Бразил 32:25
Јапонија – Ангола 39:19

Група Х
Швајцарија – Словенија 31:28
Србија – Алжир 28:22