Некогашнот среден бек на Тиквеш, Игор Кривокапиќ, ќе има нов клуб, откако го напушти составот на Будванска Ривиера.
Организаторот на играта беше промовиран во црногорскиот тим Будуќност и таму ќе игра во претстојната сезона.
Кривокапиќ беше дел од кавадаречки Тиквеш во сезоната 2024/25, а претходно играше во Полска, Унгарија и Израел.
Покрај на домашна сцена, Кривокапиќ и Будуќност ќе бидат активни и во ЕХФ Европскиот Куп.
























