Ацо Јоноски потпиша нов договор – до 2028 година во германскиот Драгонс

Македонскиот стратег Ацо Јоноски и во наредните две сезони ќе работи во германскиот третолигаш Драгонс, откако доби продолжување на соработката до 2028 година.

Јоноски е тренер на втората екипа на Драгонс, но исто така го води и А-тимот на младинците.

Поранешниот македонски репрезентативец има големо тренерско искуство кое го градеше во Интерактив во Германија, кој игра во Третата Бундес лига.

Тој поседува и Мастер Коуч лиценца, а беше асистент и дел од стручниот штаб на Кирил Лазаров во македонската репрезентација од 2021 до 2023 година.