Денеска во Охрид се одржа собирот на машката сениорска репрезентација на Македонија во ракомет на плажа.
Со денешниот собир, репрезентативците, предводени од селекторот Наум Бабачев, официјално ги започнаа подготовките за претстојниот меѓународен турнир во Полска, на кој ќе настапат против три репрезентации.
На првиот собир ги немаше Михаил Тотиќ и Тодор Узунчев, од оние десетмина што беа на списокот на Бабачев.
По неколкудневните подготовки во Охрид, националниот тим на 12 јуни ќе отпатува за градот Плоцк, Полска.
В сабота се пресметките со Чешка и Германија, додека в недела на 14 јуни следува дуел со домаќинот Полска и потоа уште меч за пласман.






















