Левиот бек на Куманово, Тоше Ончев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 10. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.
Велешанецот беше меѓу најзаслужните за триумфот на натпреварот против Пролет на гостински терен од последната рунда.
Тој освои 27% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Петар Атанасијевиќ кој освои 21% од гласовите.
Номинирани за МВП на 10. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига беа уште и Денис Шабановиќ, Домен Тајник, Урош Митровиќ, Николаос Лиапис и Милош Валах.
























