Интересот за билетите за Светското првенство 2027 во Германија продолжува да расте, а организаторите најавија нова фаза од продажбата која ќе стартува веднаш по ждрепката за групната фаза на шампионатот. Ждрепката е закажана за 10 јуни во Минхен, по што навивачите ќе можат да купуваат билети за конкретни натпревари и репрезентации.
Досега се продадени повеќе од 180.000 билети, а најголем интерес има за натпреварите на домашната селекција на Германија. Организаторите информираат дека билетите за дел од мечевите на германската репрезентација веќе се распродадени, со исклучок на ВИП билетите.
Светското првенство ќе се одржи од 13 до 31 јануари 2027 година во шест германски градови, а завршницата ќе се игра во Келн. На шампионатот ќе учествуваат 32 репрезентации.
Организаторите ги повикуваат навивачите навреме да обезбедат билети, бидејќи побарувачката е значително поголема отколку за претходните големи натпреварувања организирани во Германија.
Освен по ждрепката, ќе има уште два контингенти билети во продажба на 4 септември и 1 декември точно на пладне. Билетите за СП 2027 може да се купат ТУКА.
Македонија е во вториот шешир и на 10 јуни ќе ги дознае ривалите во групната фаза, а јасно е дека може да игра во Минхен, Кил и Магдебург.























