Тимот на Охрид славеше во првата пресметка од финалето на ЕХФ Европскиот Куп кај Татабања со 29-28 и со предност ќе го чекаат реваншот во СРЦ „Билјанини Извори“.
Иако охриѓани водеа и со седум гола разлика во првиот дел, во второто полувреме водеа со шест и можеа да однесат повика залиха дома, сепак чудниот судиски критериум, особено во вториот дел беше една од причините за тоа.
Арбитрите од Молдавија не беа на ниво на задачата, досудија четири исклучувања само во десет минути на стартот на вториот дел, кога Татабања успеа да се врати во игра, а барем половина не беа стартови за две минути.
Вкупно десет исклучувања, наспроти шест за домаќини, во повеќе наврати недосудени чекори на противничките ракометари и уште неколку фаули што не беа досудени над крилата на Охрид, Ојлески и Ѓукиќ при нивните обиди кон голот на Татабања.
Иако Унгарците секоја сезона организираат Ф4 во Лигата на шампиони, низа големи натпреварувања, сепак организацијата во Татабања не беше на нивото на финале на европски куп, особено е кога во прашање односот на домаќинот кон седмата сила, но и третманот кон гостинските ракометари и луѓето од управата на клубот.
Охриѓани видоа како не треба да се организира големо финале, но и каков треба да биде нивниот однос кон унгарската екипа наредниот викенд. Реваншот меѓу Охрид и Татабања е закажан за 31 мај од 20:00 часот, а сите билети се распродадоа за петнаесетина минути и унгарскиот тим го чека пекол.
Охрид со ПОБЕДА се враќа од Унгарија – дома ќе брка ЕВРОПСКИ ТРОФЕЈ
























