Кузмановски оди на печалба во Кувајт

Филип Кузмановски, бекот на Еурофарм Пелистер и репрезентацијата на Македонија, ќе оди на „печалба“ во Кувајт. Тој ќе настапи за Кувајт Сити на Азиската Лига на шампиони за клубови, која годинава се игра во Кувајт во периодот 6-15 јуни.

Кувајтскиот клуб влегува сериозно во турнирот и токму затоа се засилува со странци. Кузмановски е четврто странско засилување за шампионатот на Кувајт, во ростер што веќе го има Катарецот Франкис Марсо, Црногорецот Владан Липовина и Португалецот Виктор Итуриза, што е јасен показател дека целите се високи.

Паралелно, на азиската сцена ќе има уште најмалку еден Македонец – но во стручниот штаб. Ва екипата на Ал Духаил од Катар, на турнирот ќе биде и Петар Мисовски, поранешен репрезентативец на Македонија и денешен тренер на голмани, кој веќе неколку сезони работи во Катар. Мисовски е познато име во домашниот ракомет и шампион со повеќе клубови, а во Катар работеше во националната репрезентација и сега е дел од Ал Духаил како тренер на голмани.

На турниот ви требало да се појави и Мартин Серафимов кој е најавен како засилување за катарскиот тим на Ал Араби, а сигурно е дека и Дмитро Горига од Вардар и Кристијан Пилиповиќ од Охрид привремено ќе заминат за Куват да играат на истото првенство.

Азиската Лига на шампиони годинава се игра во Кувајт и е еден од најсилните клупски турнири надвор од Европа, каде клубовите често доведуваат звучни засилувања само за ова натпреварување. Победникот ќе обезбеди место на Супер Глоуб, неофицијалното клупско светско првенство.