Машката младинска репрезентација загуби на вториот пријателски натпревар одигран во Србија во ЕХФ неделата.
Домаќинот Србија беше убедлив на втората контрола и славеше против избраниците на Наум Танески со 32-25.
На првиот пријателски натпревар, македонската селекција во кој имаше и шестмина кадетски репрезентативци, оствари триумф со 33-31.
Овие два меча се дел од подготовките за настапот на Европското првенство за младинци во Романија во јули каде Македонија ќе игра со Норвешка, Данска и Хрватска.

























