Наместо до јуни следната година Вардар сака најдобриот играч Јака Малус да остане уште најмалку една сезона, односно до 2028 година. Клубот сака да го задржи сегашниот тим најмалку до 2028 година и да не размислува за многу менувања.
Претседателот на скопскиот клуб, Михајло Михајловски потврди дека наскоро ќе се разговара со Малус и ќе му се понуди нов договор, односно продолжување за уште една сезона. Словенечкиот интернационалец е еден од најдобрите играчи на „црвено-црните“ сезонава и воопшто во Супер лигата.
Тренерот Иван Чупиќ исто така ќе остане уште една сезона и ќе го продолжи договорот со 2028 година, и најголем дел од играчите имаат договори до крајот на таа натпреварувачка сезона.
Михајловски најави дека за следната сезона екипата ќе биде силна и ќе го задржи приматот што го има освоено сега, односно двојната круна во домашното првенство. Во новата сезона Вардар се надева дека ќе игра во групите од ЕХФ лигата на шампионите. Македонија нема загарантирано место во групите од лигата на шампионите, но РФМ ќе бара вајлд карта, и повеќе од сигурно е дека „црвено-црните“ ќе ја добијат.
___________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























