Машката кадетска репрезентација на Македонија се пласираше во финалето на Мундијалот во училишен ракомет во Скопје.
Момците на Горан Кузманоски ја совладаа селекцијата на Србија во полуфиналето со убедливи 30-19.
На паузата Македонија водеше со 14-10, а тоа беше најава за триумфот, а нашите ракометари направија серија од пет гола за 19-10 и до крајот се беше рутински.
Имаше краток прекин од десетина минути поради повреда на еден од српските ракометари, но немаше големи резултатски промени до крајот.
Финалето е утре од 16:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ против победникот од второто полуфинале меѓу Израел и Хрватска.
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.

























