Кадетките го елиминираа Бразил – ќе се борат за медал на Мундијалот!

Женската кадетска репрезентација на Македонија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во училишен ракомет што се игра во Скопје.

Во четвртфиналето, избраничките на Даниела Новеска триумфираа против селекцијата на Бразил со 19-18.

Иако јужноамериканките отворија подобро и поведоа со 6-2, но нашите ракометарки се вратија набрзина, заиграа подобра одбрана и со гол во последната секунда на пауза заминаа со водство, 11-10.

Во второто полувреме Македонија не дозволи камбек на ривалот, успеа да ја одржи позитивата и на крајот да слави. Следен ривал ќе биде победникот од дуелот меѓу Турција и Србија.

Најдобри стрелци во нашиот состав беа Ања Лашкоска со пет и Тара Аврамовска со четири погодоци.

▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.