Машката кадетска репрезентација на Македонија ја запиша втората победа на Светското првенство во училишен ракомет.
Избраниците на Горан Кузманоски славеа со убедливи 46-13 над Грузија и ја продолжуваат битката за полуфиналето.
Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога Македонија водеше со 23-6, а вториот дел беше само формално одработување на задачата. По 2-2 на стартот следуваше серија од 17 голови по ред на нашите момци и видлива беше разликата во нивоа.
Најдобри стрелци во македонскиот состав беа левото крило Тома Симоновски со 16 гола, Андреј Георгиев даде 10, додека Трсунов и Фехми комбинираа седум одбрани.
Следен предизвик за Македонија е утре од 10:30 часот во салата „Македонско сонце“ против Република Српска.























