Еве го „возниот ред“ на кадетите и кадетките на СП во Скопје – ќе играат во утрински термини

По одржаниот технички состанок, во пресрет на Светското првенство во училишен ракомет, познати се термините за настап на македонските кадетски селекции.

Машката кадетска репрезентација на Македонија натпреварите ќе ги одигра во салата „Македонско Сонце“, каде што игра екипата на Пролет.

Женската кадетска репрезентација своите натпревари ќе ги игра во салата „Крсте Мисирков“ во Гази Баба.

Кај дамите, прво и второпласираните ќе обезбедат четвртфинале, додека кај момците само првопласираните ќе играат во полуфиналето.

Натпреварите на овој Мундијал во училишен ракомет се играат во две полувремиња по 25 минути.

Распоред на натпревари, кадети:

📅 22.04.2026
🕥 10:30 часот
Македонија – Бугарија
📅 23.04.2026
🕣 10:30 часот
Грузија – Македонија
📅 24.04.2026
🕥 10:30 часот
Република Српска – Македонија
🕥 14:30 часот
Македонија – Саудиска Арабија

Распоред на натпревари, кадетки:

📅 22.04.2026
🕥 10:30 часот
Белгија – Македонија
📅 23.04.2026
🕥 10:30 часот
Грузија – Македонија
📅 24.04.2026
🕥 10:30 часот
Македонија – Словачка