По триумфот над Црна Гора, машката кадетска репрезентација загуби со 25-23 (3-2) од Египет во второто коло од Медитеранското првенство во словачкиот град Шаморин, но освои два бода од овој натпревар бидејќи ги доби втората и третата третина, 10-5, 7-8, 8-10. Во финишот момците на Кузманоски пропуштија неколку прилики, па можеа да останат најмалку непоразени во овој драматичен натпревар.
Во првиот дел доминираше африканскиот првак во оваа категорија на ракометари и го доби со 10-5, но во втората третина Македонија возврати и ја доби со 8-7, откако најпрво голманот Трсунов одбрани пенал, а потоа и Фехми фати еден шут на Египет.
На стартот на третиот период „фараоните“ искористија две грешки на Македонија за 19-13. Беше и 20-14, но Фехми одбрани уште еден удар, казни Ѓорѓиевски на спротивната страна, потоа уште еден негов гол и предноста беше преполовена, 20-17.
Кога остануваа уште пет минути од последната третина, Јовиќ од пенал намали на минус два, 21-19. На 23-21, освоивме топка, но лесно беше „продадена“ и казната на Египет стигна за плус три, 24-21.
На стартот на последната минута Ѓорѓиески даде гол од контра за 24-23, а приликата за реми беше пропуштена и до крајот Египет постигна уште еден погодок за 25-23 и победа со 3-2 во освоени поени.
Македонија сега има 6 бодови, а утре исто така ја очекуваат два меча – од 09:00 часот против Шпанија и од 13:30 часот против Грција.
Натпреварите на овој шампионат се игра во три третини по 15 минути, се добива по еден бод за секоја добиена третина (или по 0,5 ако е реми), и уште два за победа.
























