Одредени шеширите пред ждрепката за ЕП – еве како котира Македонија

Иако Европската ракометна федерација допрва треба да ги потврди шеширите пред ждрепката за Европското првенство во Романија, Полска, Турција, Чешка и Словачка, јасно е дека Македонија ќе биде во последниот шешир.

Македонските репрезентативки од третото место во групата се пласираа на ЕП 2026, заедно со Исланд, Украина и Грција, па поради тоа ќе се најде во последниот шешир пред ждрепката.

Ранкингот пред ждрепката се прави според пласманот на селекциите на ЕП 2024, но и според пласманот во квалификациите за ЕП 2026.

Ждрепката за групите ќе се одржи на 16 април во Катовице, а ЕП ќе се одржи од 3 до 20 септември во шест градови – Катовице, Орадеа, Клуж, Анталија, Брно и Братислава. Главната рунда ќе биде во Катовице и Клуж, додека финалниот викенд во Катовице во „Сподек Арена“.

Европско првенство, ждрепка:

шешир 1: Норвешка, Данска, Унгарија, Франција, Шведска, Холандија
шешир 2: Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Шпанија, Чешка
шешир 3: Турција, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Фарски Острови
шешир 4: Хрватска, Србија, Исланд, Македонија, Украина, Грција