Женската репрезентација на Македонија се пласираше по осмипат на Европското првенство, откако заврши меѓу најдобрите третопласирани селекции од шесте квалификациски групи.
Капитенот на Македонија, Ивана Гакидова, по поразот кај Словенија со 27-18, смета дека најважен е пласманот, без разлика на поразот.
„Искрено, одигравме многу лош натпревар и не бевме фокусирани на тоа што требаше да го направиме. Но, без разлика на сè, најважно е што одиме на Европското првенство и сме многу среќни поради тоа. Се надевам дека ќе ги поправиме сите работи до тогаш. Навистина сум среќна и горда на мојот тим“, изјави Гакидова.
Македонија ќе ги дознае ривалите на 16 април, а ЕХФ ја закажа ждрепката во градот Катовице.









