Македонија се пласираше на ЕП 2026!

Женската репрезентација на Македонија се пласираше на Европското првенство во Романија, Турција, Полска, Чешка и Словачка, иако загуби на гостувањето кај Словенија со 27-18.

Сепак и со овој пораз Македонија се најде меѓу најдобрите четири третопласирани од шесте квалификациски групи, па ќе игра третпат во серија на континенталните шампионати или вкупно осми пат по ред.

Ждрепката за групите на ЕП ќе се одржи наредната недела, кога освен групата ќе биде познато и во која држава ќе игра Македонија.

По три гола за македонскиот состав дадоа сестрите Јанкуловски и Гакидова, а убедливо најдобра наша ракометарка на оваа средба беше голманката Илиќ, која успеа да запише 14 одбрани.

Македонија водеше со 1-0 на стартот, а потоа многу грешки во нападот, не само изнудени шутеви, туку и одбрани на Маја Војновиќ, па домаќинките знаеја како тоа да го казнат.

Полека ја градеа предноста Словенките, 6-3, 8-4, 11-5, а да не беше голманката Илиќ на нашиот гол, разликата во корист на домаќинките ќе беше уште поголема.

Грчевски повика тајм-аут да ги смири своите избранички, но немаше многу корист од тоа и разликата во корист на избраничките на Драган Аџиќ само се зголемуваше.

На паузата ббеше 15-8, на стартот на вториот дел предноста отиде и на десет гола, 20-10, пред да следува долг период со грешки на двете страни без погодоци. Негативната серија на Македонија ја прекина капитенот Гакидова од пенал за 20-11, но потоа немаше многу возбудувања и високата предност за домаќинките остана до крајот.

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]