Македонија осми пат во одбрано друштво, Грција испиша историја и ќе дебитира на ЕП!

Женската репрезентација на Македонија по осми пат ќе игра на завршницата на континенталните шампионати, откако се најде меѓу најдобрите четири третопласирани во шесте квалификациски групи.

Во вкупниот ранкинг, во кој се сметаат само бодовите освоени со прво и вторпласираниот во групата, во случајот Германија и Словенија, Македонија заврши на третото место.

Покрај Македонија, од третото место во своите групи на ЕП се пласираа уште Исланд, Украина и Грција. Нашата селекција третпат по ред, а осмипат вкупно ќе игра на континенталните шампионати.

Од претходно пласирани на ЕП се домаќините Чешка, Полска, Словачка, Романија и Турција, како и медалистите од претходното ЕП – Норвешка, Данска и Унгарија.

Преку квалификациите како прво и второпласирани во своите групи, билет за континенталниот собир грабнаа Франција, Хрватска, Црна Гора, Фарски Острови, Шведска, Србија, Германија, Словенија, Швајцарија, Холандија, Шпанија и Австрија.

Ждрепката за групите ќе се одржи на 16 април.

Ранкинг на третопласирани репрезентации:

1.Исланд 2
2.Украина 0 (-39)
3.Македонија 0 (-41)
4.Грција 0 (-51)
5.Финска 0 (-63)
6.Италија 0 (-69)

Квалификации за ЕП, 6 коло, резултати:

група 1
Франција – Финска 39-15
Хрватска – Косово 37-13

група 2
Холандија – Босна и Херцеговина 47-12
Швајцарија – Италија 38-19

група 3
Германија – Белгија 45-25
Словенија – Македонија 27-18

група 4
Исланд – Португалија 32-24
Црна Гора – Фарски Острови 31-26

група 5
Србија – Украина 30-21
Шведска – Литванија 39-18

група 6
Австрија – Грција 38-16
Шпанија – Израел 31-13

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]