Македонија губи на полувреме кај Словенија, но и натаму живее сонот за ЕП!

Женската репрезентација на Македонија има негатива на полувремето од натпреварот против Словенија од седум гола, 15-8.

Сепак и конкурентите на Македонија, третопласирани во своите групи, губа на натпреварите што ги играат, нашите ракометарки и натаму се во игра за пласман на ЕП 2026.

Македонија водеше со 1-0 на стартот, а потоа многу грешки во нападот, не само изнудени шутеви, туку и одбрани на Маја Војновиќ, па домаќинките знаеја како тоа да го казнат.

Полека ја градеа предноста Словенките, 6-3, 8-4, 11-5, а да не беше голманката Илиќ на нашиот гола, разликата во корист на домаќинките ќе беше уште поголема.

Грчевски повика тајм-аут да ги смири своите избранички, но немаше многу корист од тоа и разликата во корист на избраничките на Драган Аџиќ само се зголемуваше.

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]