Машката кадетска репрезентација на Македонија од утре ја очекува настапот на Медитеранското првенство во словачкиот град Шаморин.
Македонија се најде во групата A со Египет, Шпанија, Грција, Косово, Романија и Црна и ќе има напоред распоред.
Во групата Б се најдоа кадетските селекции на Турција, Италија, Тунис, Хрватска, Словачка, Србија и Бугарија.
Натпреварите на ова првенство се играат во три периоди по 15 минути, а репрезентациите можат да освојат максимум пет поени по натпревар – еден за секој добиен период (или 0,5 за реми), како и два за добиен меч.
Веќе утре Македонија го стартува настапот на Медитеранското првенство наутро во 10:30 против Црна Гора, а веќе од 15:00 часот ќе следи и дуел со Египет.
Распоред на натпревари:
13 април, 10:30, Македонија – Црна Гора
13 април, 15:00, Македонија – Египет
14 април, 09:30, Македонија – Шпанија
14 април, 14:30, Македонија – Грција
15 април, слободен ден
16 април, 16:00, Македонија – Косово
17 април, 09:00, Македонија – Романија
18 април, натпревар за пласман









