Женската репрезентација од вчера е во Словенија, каде во градот Велење ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.
Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски веќе го одработија првиот тренинг во салата „Рдеча дворана“, каде што се финализира тактиката за клучниот меч против домаќинот кој веќе обезбеди пласман на ЕП.
Македонија ќе се пласира на ЕП ако приреди изненадување и победи, или одигра реми, но и со пораз шансите за континенталниот собир остануваат преку третото место.
Таму важна улога играат бодовите и гол-разликата, па секој гол ќе биде злато вреден во битката за пласман на ЕП.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија се игра в недела на 12 април во салата „Рдеча Дворана“ од 18:00 часот.









