
Женската репрезентација на Македонија денеска ќе се соочи со светскиот вицепрвак Германија во натпреварот од 5 коло во квалификациите за пласман на ЕП 2026.
Селекторот Кристијан Грчевски ги избра ракометарките за оваа пресметка, а од тие што беа повикани за оваа акција, од комбинација отпаднаа Теодора Дукоска, Леона Миленкоска, Таида Беровиќ и Матеа Чурлиновска.
Дамите се во трка по место на ЕП 2026, најверојатно преку третото место ако не направат изненадување против Германија или Словенија. Повеќе детали за шансите на Македонија прочитајте ТУКА.
Гостинките додјдоа со втор состав во кои ќе има пет дебитантки, но и неколку искусни ракометарки. Мечот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ денеска од 18:00 часот, а влезот е слободен.
Германија е прва со осум бода и веќе пласирана на ЕП, Словенија има четири, додека Македонија и Белгија по два. Ако Словенките слават на гости кај Белгија, тогаш ќе го потврдат второто место на табелата во случај и Германија да победи во Скопје.



















