ТРИ ЅВЕЗДИ НА 20. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 20. коло од Супер женската лига.

Во изборот за ѕвезда на 20. коло има по една ракометарка од Чаир, Спартак и Вардар.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Супер женска лига, 20. коло, резултати:

ЧАИР – КУМАНОВО 26-25
СПАРТАК – ПЕЛИСТЕР 25-26
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВАРДАР 42-24
АСТИБО – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 10-0 сл.

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 20. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА СУПЕР ЛИГА?

Ема Кирова - Чаир
64.10%
Сузана Зечевиќ - Спартак
20.51%
Марија Гугуљанова - Ѓорче Петров
15.38%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 20. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА

Ема Кирова (Чаир) – Голманката на Чаир го фати последниот удар на гостинките од пенал и ги сочува двата бода во Чаир.

Марија Гугуљанова (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка стрелаше седум пати против Вардар.

Сузана Зечевиќ (Спартак) – Црногорската интернационалка беше меѓу најдобрите поединци во триумфот над Пелистер во Битола.