југ.Кадетките на Вардар втора сезона во серија се шампионки на Македонија, откако запишаа осум победи на осум натпревари во лигата.
На последната средба избраничките на Даниела Новеска славеа против тимот на Овче Поле СУ со 32-15, но уште од претходното коло беше познато дека „црвено-црните“ ќе останат на тронот.
Ивана Трифуновска и Мила Ристовска со седум, односно шест гола ги предводеа стрелците кај Вардар, додека кај Овче Поле СУ, Нина Крстева стрелаше четири пати.
Вардарки до титулата стигнаа по осумте победи над Овче Поле СУ, Стружанка, Деспина и Гевгелија Југ.
По мечот со Овче Поле СУ, вардарки, стручниот штаб и раководството на клубот ги добија медалите и пехарот од Ракометната федерација на Македонија.


























