Екипата на Охрид на дербито против Вардар во рамките од 3. коло на Супер лигата ќе настапи со пионерско-кадетски тим, и со само седум првотимци. Причината е што Охриѓани решија да го „чуваат“ тимот за реваншот од Купот на ЕХФ против Олимпијакос во сабота на домашен терен.
Од првиот тим единствено Блажевски, Кукулоски, Савревски и Ќосевски се сега на теренот. Во моментов Охрид е на третото место на табелата во Супер лигата со 40 бода, и меч помалку од другите екипи. На клупата на охриѓани е Наум Бабачев, а Борис Ројевиќ остана во Охрид да тренира со остатокот од екипата.
Вардар е лидер со 46 бода, и ова е трет дерби меч во разигрувањето на кој Вардар бара бодови. Претходно скопјани победија во Автокоманда и во Битола.


























