Ангажманот на Стојанче Стоилов како тренер на Бутел Скопје од јули денеска беше официјализиран од страна на клубот.
Претседателот на Бутел Скопје, Бојан Спасовски, истакна задоволдство по потписот на договорот на две сезони.
„Баравме идеално и квалитетно решение за клупата на Бутел Скопје. Имавме краток состанок со Стоилов и веднаш се договоривме. Станува збор за легенда не само во македонскиот ракомет, туку и пошироко. Со него ќе добиеме и на квалитет и на искуство на клупата, а во ростерот и натаму ќе имаме млади македонски играчи. Амбициите ни се високи, па затоа се договоривме за соработка на две сезони. Mу даваме одврзани раце на Стоилов околу формирање на ростерот, а ние како раководство ќе се потрудиме да му обезбедиме максимални услови за работа“, изјави Спасовски.
Стојанче Стоилов со нов предизвик – ќе го води Бутел од лето


























