По кратката пауза и заминувањето од Вардар, легендарниот Стојанче Стоилов, ќе има нов ангажман во клупскиот ракомет.
Тој од лето ќе биде тренер на суперлигашот Бутел Скопје, а таму доаѓа на местото на Горан Кузманоски, кој заминува на Кипар.
Стоилов по завршувањето на играчката кариера работеше во стручниот штаб на Вардар, но со доаѓањето на Иван Чупиќ, заврши и неговиот ангажман во „црвено-црните“.
Со огромно искуство, лидерство и авторитет стекнати низ годините, Стоилов сигурно ќе донесе нова енергија и амбиции во редовите на бутелци.

























