Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за полуфиналните натпревари кај дамите од Купот на Македонија.
Бранителот на трофејот Ѓорче Петров во полуфиналето ќе се сретне со битолски Пелистер и ќе биде голем фаворит на оваа средба.
Чаир ќе биде исто така фаворит против Спартак во второто полуфинале, а доколку се оди според очекувањата, тогаш во финалето ќе ги видиме двата најдобри тима во моментов.
Натпреварите од женскиот и машкиот Куп на Македонија ќе се играат во салата „Парк“ во Струмица од 17 до 19 април.
Куп на Македонија, жени, полуфинале, 18 април:
16:00 Пелистер – Ѓорче Петров
19:00 Спартак – Чаир
финале, 19 април, 16:00
























