Мате: Импресиониран сум од проектот на Охрид – едвај чекам да дојдам!

Унгарскиот репрезентативец Доминик Мате е едно од најголемите имиња кои го ставиле потписот за тимот на Охрид.

Доаѓа од екипата на Елверум која е прва во норвешкото првенство и бележи успеси во европската лига. Претходно настапуваше и за големите ПСЖ и Келце, како и унгарскиот Балатонфуреди.

„Мило ми е што ќе го облечам дресот на Охрид. Од првиот разговор бев импресиониран од проектот и плановите за идниот период. Едвај чекам да ги запознаам фановите, се надевам дека ќе играм клучна улога во остварувањето на нашите цели, освојување на титула во лигата и што поголеми успеси во интернационалните натпреварувања“, изјави Мате.

Десниот бек стави потпис на двегодишен договор и ќе формира трио со Томислав Јагуриновски и Давид Савревски.

Активирана уште една „бомба“ – Охрид се пофали со потписот на Доминик Мате!