Трајковиќ и Дамчевска „летаа“ по теренот, Чаир ги освои бодовите кај жилавиот Астибо

Тимот на Чаир славеше на гостувањето во Штип кај Астибо со 35-30 и ја продолжува трката за врвот во Супер женската лига.

Сега избраничките на Басри Љатифи имаат 30 бодови, три помалку од лидерот на табелата Ѓорче Петров.

По првиот дел беше 14-14, а по 15-15 на стартот на второто полувреме чаирчанки врзаа пет гола во серија и за пет минути практично го решија победникот на овој дуел.

Потоа веќе се играше полесно за гостинките, иако штипјанки во еден момент намалија на минус, немаа сили за некаков камбек, па бодовите патуваат за Чаир.

Предводнички на Чаир во триумфот беа крилата Мила Трајковиќ со осум и Билјана Дамчевска со седум погодоци, додека кај Астибо се истакна Ксавиер со 15 гола.