Наумовски и Пејковски диригираа, Партизан Гевгелија триумфално против Аеродром

Ракометарите на Партизан Гевгелија се израдуваа на триумф над Аеродром со 32-28 во натпреварот од 20 коло во прволигашката конкуренција.

Гостинските ракометари играа одлично во првиот дел, имаа и предност од три гола, 12-9, но пред паузата гевгеличани стигнаа до реми.

Најпрво со три гола во серија израмнија на 12-12, резултат со кој се отиде на пауза, а во второто полувреме домашните полека ја градеа предноста за на крај да ги освојат бодовите.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Стојан Наумовски со девет и Илија Пејковски со осум гола, додека за гостите 11 погодоци даде Бојан Поповски.

На табелата, Аеродром е на шестото место со 18 бодови, додека гевгеличани останаа на деветтата позиција со 15 бода.