Од Олимпијакос најавуваат: Мечот со Охрид ќе го решава одбраната

Капитенот на Олимпијакос, Петрос Кандилaс, испрати јасна порака пред првиот четвртфинален дуел во ЕХФ Европски куп против Охрид.

Натпреварот ќе се одигра во недела во Атина, а грчкиот тим очекува жестока пресметка против македонскиот претставник.

„Пред нас се два многу тешки натпревари со Охрид. Станува збор за екипа со голем буџет и квалитетен ростер. Мислам дека одлучувачки ќе бидат одбраните и формата на голманите“, изјави Кандилас.

Капитенот потенцира дека поддршката од трибините може да биде пресудна.

„Ни требаaт нашите навивачи за да стигнеме до победа која ќе ни даде предност пред реваншот на гостински терен“, заврши Кандилас.

Првиот меч меѓу Олимпијакос и Охрид се игра од Атина в недела од 16:00 часот, а реваншот е на 4 април од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.