Најавуваа титула во Лигата на шампионите, сега се пред распад!

Норвешкиот шампион Колстад се соочува со сериозна финансиска криза која може да има драматични последици, дури и исфрлање во понизок ранг.

Клубот, кој пред неколку години најавуваше европска доминација, сега е во тешка ситуација со значителен финансиски минус и неизвесна иднина. Раководството отворено признава дека доколку не се стабилизира состојбата, можно е да следи исфрлање во понизок ранг.

Во изминатиот период, Колстад значително го намали буџетот, особено за плати, но проблемите се наталожени од претходните сезони кога клубот агресивно инвестираше во скап проект со големи амбиции.

Дополнителен удар за тимот е и заминувањето на клучните играчи (Лисе, Сондена, Паличка, Гудјонсен, претходно Род, Сагосен…), што ја разниша стабилноста на составот и ја доведе под знак прашалник долгорочната стратегија.

Иако на теренот сè уште се борат за врвот во норвешкиот шапмпионат, надвор од него битката е многу потешка, за финансиски опстанок.