Тимот на ГРИФК каде што игра македонскиот интернационалец Филип Чурлевски се наоѓа на чекор до полуфиналето на плеј-офот во Финска.
ГРИФК славеше во првиот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот на гостински терен кај Дикен со 21-20.
Македонскиот среден бек Чурлевски беше стрелец на три погодоци во противничката екипа и беше втор стрелец кај победникот.
Реваншот на кој ГРИФК може да обезбеди 2-0 во победи и место во полуфиналната серија, се игра на 29 март.

























