Граматова игра во одлична форма – најдобра во новиот триумф на Војводина

Тимот на Војводина, каде што игра македонската интернационалка Пена Граматова, забележа нова победа во Србија.

Војводина предводена од Граматова славеше на гостински терен кај Спартак со 34-22, а на паузата водеше со 18-10.

Граматова беше најдобар стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне осум погодоци во противничката мрежа.

Војводина, која е предводена од екс членката на Кометал Ѓорче Петров, Андријана Будимир, се наоѓа пред пласман во српската елитна конкуренција.

Тимот од Нови Сад по 14 меча има 29 бодови на првото место, додека Раднички е на второто место со 25.