По триумфот на првиот пријателски натпревар на младинците, на втората пресметка победа прославија македонските кадети.
Избраниците на Горан Кузманоски славеа со 29-27, иако во финишот имаа плус девет, 28-19 и можеше да биде поубедлива победата.
Бобан Поповски со седум и Горазд Дамчевски со пет погодоци беа најдобри стрелци кај кадетите, додека кај младинците предводници беа Јулијан Матески со седум и Мики Лазов со шест гола.
Сепак резултатот беше во втор план за двете селекции, а Горан Кузманоски и Наум Танески можеа да испробаат повеќе ракометари и тактички варијанти.
Двете селекции се подготвуваат за Европските првенства што ќе се одржат во Романија (младинци) и Србија (кадети).

























