Тестираа кадетите и младинците – победија момците на Танески

Кадетската и младинската репрезентација на Македонија го одиграа првиот од двата планирани тест натпревари во рамките на ЕХФ неделата, а мечот го добија момците на Наум Танески со 32-28.

Двете селекции одиграа три третини по 20 минути, а кадетите на Горан Кузманоски водеа по првата третина со 9-8.

Младинците фатија приклучок, беше 19-19 по вторите дваесетина минути, а во финишот ја направија клучната разлика и на крајот прославија триумф.

Кај младинците се истакнаа Марко Каевски и Христијан Ѓурмешевиќ со по шест реализации. Бобан Поповски беше најдобар стрелец со шест гола кај кадетите, додека Лука Јовиќ и Јован Симоновски дадоа по пет.

Двете репрезентации утре ќе одиграа уште еден пријателски натпревар како дел од подготовките за настап на Европските првенства на лето во Романија и Србија.